ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕЛЧЕВО ОД СДСМ НЕ ДОЈДЕ НА ПРОМОЦИЈАТА НА ПРОЕКТИ Мицкоски порача дека е важно да се гради насекаде во Македонија Јас навистина жалам што денеска градоначалникот на Делчево не е со нас, за да покажеме дека кога нешто убаво се прави, без разлика што сме од различни политички опции дека треба да сме заедно на ваков еден убав настан, бидејќи сепак ова се проекти за граѓаните, ова не се проекти на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, туку ова се проекти за делчевчани и тоа е нашиот мотив и тоа е нашата инспирација – рече Мицкоски.
Јас би сакал да кажам дека нема да се задржувам на делот за тоа што веќе претходните говорници го кажуваа, а тоа е кои се проектите коишто се финансирани од страна на буџетот и во првиот, но и потенцијалните коишто ќе бидат финансирани од вториот повик преку Министерството за локална самоуправа, тоа го кажа координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и министерот за локална самоуправа, рече денеска Премиерот Мицкоски во Делчево.