Американскиот претседател Доналд Трамп приватно ја охрабрил Украина да ги интензивира нападите длабоко на руска територија, па дури и го прашал украинскиот претседател Володимир Зеленски дали може да ја нападне Москва доколку САД ѝ обезбедат оружје со долг дострел на Украина, објави Financial Times во вторникот, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе испрати ракети „Патриот“ во Украина, наведувајќи дека на Киев му се потребни за да се одбрани од Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање ново оружје во Украина, додавајќи дека се согласиле во иднина почесто да разговараат за да ги координираат своите чекори.
Во понеделникот, Трамп постави ултиматум до Москва да постигне мировен договор во рок од 50 дена.