1 (16) ■ вести > свет > сад ■ 05-Jul 19:42 -> 06-Jul 09:30
.
.
.
.

Маск формира нова политичка партија во САД

  • Елон Маск објави формирање политичка партија, дали е тоа крај на двопартискиот систем на САД

Милијардерот Илон Маск најави формирање на нова политичка партија во САД наречена Американска партија, еден ден откако спроведе анкета меѓу своите следбеници на социјалната мрежа Икс за потребата од нова политичка опција.

Од: А1он Контроверзниот бизнисмен и сопственик на SpaceX, Елон Маск, не ги крие своите политички амбиции откако дојде на власт во администрацијата на Трамп, напуштајќи го тимот откако се скара со Доналд Трамп.

8 (74) ■ вести > македонија > политика > мвр ■ 04-Jul 15:38 -> 06-Jul 03:04
.
.
.
.

Ние не сме Европјани само „декларативно“ вели првиот пендрак Тошковски. Истражувале дали има дивоградби во Чаир? !

  • Почната постапка за промена на повеќе закони за ставање во функција на системот „Безбеден град“

  • Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски

  • Тошковски: Секој кој се осмелил да краде од народот ќе се соочи со одговорност

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време.

За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, но не само закони директно поврзани со имплементацијата на системот, туку и закони кои треба да направат суштинска разлика и раздвојување на безредието од претходно со она што треба да го имплементираме како нормален ред и поредок, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време.

Во изминатата година разбивме14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полицијата.

13 (79) ■ вести > свет > украина > војна ■ 04-Jul 00:54 -> 06-Jul 09:45
.
.
.
.

Зеленски: Ова беше мојот најпродуктивен разговор со Трамп досега

  • Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

  • Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

  • Јермак: Трамп и Зеленски имаа „многу важен и суштински“ телефонски разговор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп како „најдобар во целиот овој период“, наведувајќи дека бил „максимално продуктивен“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу незадоволен“ од телефонскиот разговор што го имал со рускиот претседател Владимир Путин, кој не довел до напредок кон завршување на војната во Украина.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на церемонија на отворено по повод Денот на независноста што личеше на негов политички митинг.

Претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, денеска имаа телефонски разговор, откако по вчерашниот повик со рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека Москва ќе продолжи со воената агресија врз Украина, без оглед на повиците од Западот за прекин на огнот.

19 (27) ■ вести > македонија > хроника > мвр ■ 05-Jul 12:45 -> 05-Jul 20:00
.
.
.
.

Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра - тврдел дека истерува зли магии од нивниот син

  • Лишен од слобода „бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

  • Уапсен „бајач“ од Трубарево, оштетил брачен пар за 400 илјади евра

Полициски службеници од СВР Штип во соработка со ОВР Берово, СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција привеле 54-годишен жител на скопското село Трубарево, осомничен дека подолг временски период измамувал брачен пар од Берово, претставувајќи се како „бајач“ со натприродни способности.

фото: Пиксабеј Седумдесет и шест годишен беровчанец во СВР Штип пријавил дека бил измамен од 54 годишен бајач, од село Трубарево.

Вчера Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП пријавил кривично дело – „измама“ против лицето Д.И. (54) од село Трубарево, скопско.

Повеќе од
оваа категорија

18 (65) ■ спорт > фудбал > португалија ■ 04-Jul 05:15 -> 06-Jul 04:54
.
.
.
.

ВИДЕО+ФОТО: Трогателни сцени на погребот на Диого Жота и Андре Силва

  • Погребан Диого Жота, бројни соиграчи на последното збогување

  • Погребот на Жота и неговиот брат ќе се одржи в сабота!

  • Величествениот гест на Ливерпул кон семејството на Диого Жота ќе им го исплати остатокот од мултимилионскиот договор

Смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва го потресе целиот свет, особено спортските фанови… Денес беше погребот на двајцата браќа, а појавувањето на сопругата на Диого Жота, Рут Кардосо на гробиштата ги потресла сите.

Фото: Facebook / Seleções de Portugal Фудбалери на Ливерпул и на португалската репрезентација се собраа денеска во португалското гратче Гондомар на погребот на нивниот соиграч Диого Жота, кој загина заедно со својот помлад брат Андре Силва во сообраќајна несреќа во Шпанија во четвртокот.

Браќата Диого Жота и Андре Силва загинаа во Шпанија, откако загубиле контрола врз нивното возило, а нивниот погреб ќе се одржи в сабота во Гондомар, во близина на Порто.

НасловнаСпортВеличествениот гест на Ливерпул кон семејството на Диого Жота ќе им го исплати остатокот од мултимилионскиот договор You cannot print contents of this website.

24 (11) ■ спорт > тенис ■ 04-Jul 07:00 -> 06-Jul 07:18
.
.
.
.

Затоа Новак доминира и на 38 години, се бори и се фрла на земја за секоја топка (Видео)

  • Ѓоковиќ без проблем го мина Кецмановиќ за пласман во осминафинале на Вимблдон!

Амбициозноста, инаетот, борбениот дух, а секако и тениското знаење се главните причини зошто Новак Ѓоковиќ толку долго е на врвот или прв врвот во светот, па и сега кога има 38 години и многумина негови врсници се веќе во спортска пензија.За Ѓоковиќ нема загубена топка, се бори како лав, така беше и денеска против Миомир Кецмановиќ кога во клучниот поен и гејм од првиот сет, реши да го освои, па што сака нека биде.

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ многу лесно се справи со својот сонародник, Миомир Кецмановиќ и се пласира во осминафиналето од големиот грен-слем турнир Вимблдон.

Повеќе од
оваа категорија

223 (4) ■ бизнис > берза ■ 04-Jul 11:57 -> 04-Jul 17:17
.
.
.

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 04.07.2025 изнесува 105,75 евра за мегават час, на МЕМО 98,92 евра за мегават час

  • ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА НА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА ВО УНГАРИЈА Е 105,75 ЕВРА На македонската берза е 98,92 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 04 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 105,75 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 98,92 евра/mwh.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 04 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 105,75 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 98,92 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 73,67 евра за мегават час, а на MEMO 41,16 евра. фото: ЕДС Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 37,90 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 33,66 евра.

192 (5) ■ сцена > култура ■ 04-Jul 08:45 -> 05-Jul 10:05
.
.
.
.

Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложбата „Регенерација“

  • „Регенерација“ - изложба на Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска во КИЦ Белград

Во Културно-информативниот центар во Белград вечерва беше отворена изложбата „Регенерација“ на која се претставија три афирмирани претставнички на современата македонска ликовна уметност, Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска со обединувачки мотив – рефлексии врз уметникот во годините на пандемијата со Ковид-19. Нивната заедничка ликовна концепција упатува јасно предупредување и порака „да не се предаваме на културата на заборавање, но и во сопствените регенерации низ сите животни процеси и предизвици, да ги имаме културата и уметноста како свои упоришта и сигурни прибежишта“.

Македонскиот КИЦ во Белград вечерва ќе биде домаќин на изложбата „Регенерација“ на која ќе се претстават три афирмирани претставнички на современата македонска ликовна уметност, Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска.