Американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени плановите на Илон Маск за формирање нова политичка партија како апсурдни, додавајќи дека Америка функционира најдобро во рамките на двопартиски систем.
Несогласувањата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и технолошкиот милијардер Илон Маск, често опишувани како судир меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот, достигна нова ескалација откако сопственикот на Тесла, Спејс Икс и Старлинк, објави дека ќе формира нова политичка партија, претставувајќи ја како предизвик за двопратискиот систем на републиканците и демократите.
Милијардерот Илон Маск официјално основаше нова политичка партија во Соединетите Американски Држави, нарекувајќи ја Американска партија.
Милијардерот Илон Маск изјави дека започнал со формирање на трета политичка партија, по драматичната расправија со Доналд Трамп, наведувајќи дека ќе ги исполни заканите што ги упати доколку законот за внатрешна политика на претседателот стапи во употреба, пренесува Си-Ен-Ен. „Кога станува збор за банкротирање на нашата земја со расипништво и мито, ние живееме во еднопартиски систем, а не во демократија.