1 (4) ■ вести > балкан > регион ■ 09-May 16:40 -> 10-May 08:54
.
.
.
.

Заврши изборната кампања пред утрешните парламентарни избори во Албанија

  • Трамповиот мајстор за избори работи на соборување на Еди Рама

Со повик за масовна поддршка и убеденост во победа на неделните парламентарни избори, со синоќешните масовни митинзи во Тирана, партиите ја заокружија едномесечната интензивна изборна кампања.

Републиканскиот стратег кој го водеше политичкото воскресение на Доналд Трамп во 2024 година ѝ помага на главната опозициска партија во Албанија да се врати од „мртвите“.Советникот за кампањата на Трамп и републикански изборен гуру, Крис ЛаЧивита, сега ја поддржува конзервативната Демократска партија на Албанија, чиј лидер Сали Бериша се надева на сопствено политичко враќање по обвинувањата за корупција на националните избори со висок ризик во недела.

2 (6) ■ вести > свет ■ 10-May 08:17 -> 10-May 08:56
.
.
.
.

Стармер, Макрон, Мерц и Туск во Кијив повикаа на поддршка на Украина и прекин на огнот

  • Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Киев: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и премиерите на Обединетото Кралство и Полска — Кир Стармер и Доналд Туск, пристигнаа во посета на Кијив за да ја демонстрираат својата “непоколеблива” поддршка за Украина и да го повторат повикот на САД за „целосен и безусловен 30-дневен прекин на огнот”.

Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и премиерите на Обединетото Кралство и Полска — Кир Стармер и Доналд Туск, пристигнаа во посета на Киев . Францускиот претседател Емануел , германскиот канцелар Фридрих и премиерите на Обединетото Кралство и Полска — Кир Стармер и Доналд Туск, пристигнаа во посета на Киев за да ја демонстрираат својата "непоколеблива" поддршка за Украина и да го повторат повикот на САД за „целосен и безусловен 30-дневен прекин на огнот".

3 (50) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 07:47 -> 09-May 19:36
.
.
.
.

Дуковски: Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење

  • Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

  • Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

  • Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај

Треба да се индивидуализира и да се цени секој потег во врска со изрекувањето на казната, особено мора да се цени во духот на законот, фактот што Васил Јованов придонесе за ефикасно завршување на постапката и ја призна вината, беше кооперативен и соработуваше со судот и изрази најдлабоко можно каење – изјави бранителот на Васил, адвокатот Сашко Дуковски, по завршување на денешното рочиште за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

21 годишниот Васил Јованов призна вина, се извини и изрази каење со наведната глава и не гледајќи ги во очи родителите и најблиските на 22 годишната Фросина Кулакова која смртно ја прегази на Партизанска.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов.

4 (39) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 08:47 -> 10-May 23:59
.
.
.
.

Го купил пиштолот за 1.100 евра, отишол да се смират но по 15 мин го убил, детали за убиството во Штип

  • Петмина осомничени за убиството на странскиот државјанин донесени во штипскиот Основен суд

  • (ВИДЕО) МВР: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

  • Уапсен убиецот кој вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно пет лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело „убиство“, како и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“, додека останатите четворица се осомничени за „помагање на сторителот по извршено кривично дело“.

Во штипскиот Основен суд пред судија на претходно постапка вечерва се спроведени пет лица, кои се инволвирани во синоќешното убиство на 25 годишниот странски државјанин во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

МВР информира дека синоќа во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило.

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е лишено, информираше ЈО. Пронајдено е и оружјето.

5 (53) ■ вести > македонија > политика ■ 08-May 08:20 -> 10-May 08:54
.
.
.
.

Филипче: Владата катастрофално ја менаџира економијата, стандардот срозен, цените вртоглаво растат

  • Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

  • Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани и да не ја политизира трагедијата

  • Филипче за колиција со ДУИ и АА: Ќе разговараме со сите политички партии

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашното гостување во подкастот „Политиканти“, истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период покажа катастрофално лошо менаџирање со економијата и институциите, како и во однос на заштита на животниот стандард на граѓаните.

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Пратеничката група на СДСМ денеска до Собранието ќе го достави Законот за Кочани со кој се предвидува финансиски надоместок и поддршка за семејствата што загубија своите најблиски во трагедијата во Кочани.

Лидерот на опозицискиот Социјадемократски сојуз (СДСМ) не ја исклучи можноста за коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и со Арбен Таравари од Алијансата за Албанците на претстојните локални избори.

11 (12) ■ вести > македонија > политика ■ 09-May 15:16 -> 09-May 18:51
.
.
.
.

Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем и брза заедничка гранична контрола, имплементација пред летната сезона

  • Македонија и Србија со заеднички гранични контроли на Табановце – Прешево

Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска во Белград потпишаа договор меѓу Владите на Македонија и Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце - Прешево кој треба да овозможи имплементација на вистински „One Stop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска во Белград потпишаа договор помеѓу Владите на Македонија и Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево кој треба да овозможи имплементација на вистински „One Stop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

13 (11) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 08-May 20:01 -> 09-May 20:24
.
.
.
.

Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ по 21 пат на градски плоштад во Куманово

  • Кривични пријави за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици во Куманово

По 21 пат, утре со почеток во 10: 00 часот на градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи овогодишното издание на маскенбалот „Батко Ѓорѓија“, информираа денеска Фондацијата за култура и спорт „Куманово“.

СВР Куманово поднел кривична пријава против В.Т. - поранешна директорка на средното училиште „Киро Бурназ“ од Куманиво, осомничена за кривично дело „злоупотреба на службената положаба и овластување“, против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П. од Куманово поради сомнеж за кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ и „фалсификување или уништување деловни книги“, против В.Д., Д.Б., В.В., Ј.В., Д.Т. и Н.К., сите од Скопје, вработени во Министерството за образование и наука осомничени за кривично дело „злоупотреба на службена положба“, и против правно лице за книговодствени услуги и Б.С. – управителка на правното лице осомничена за „фалсификување или уништување деловни книги“.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

58 (5) ■ бизнис > економија ■ 09-May 13:47 -> 09-May 16:19
.
.
.
.

ПРОТОКОТ НА СТОКИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО МОРА ДА СЕ НОРМАЛИЗИРА Азески и Рафуна побараа владите да го решат проблемот со сертификатите за храна

  • РАФУНА И АЗЕСКИ ВО СКОПЈЕ РАЗГОВАРАА ЗА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна и претседателот на Стопанската комора и потпретседател на КИФ Бранко Азески денеска во Скопје разговараа за проблемите со подолгото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во Скопје на разговори околу проблемите со подолго задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.