Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изнесе некои детали за системот „Безбеден град“ што се очекува да се имплементира во нашата земја за неколку месеци.Граѓаните треба да бидат свесни дека во иднина, оние кои управуваат со возила без да се грижат за последиците, надвор од секоја логика, ќе бидат подложени на поригорозни мерки, имено конфискација на самото возило, рече министерот Тошковск.
За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, но не само закони директно поврзани со имплементацијата на системот, туку и закони кои треба да направат суштинска разлика и раздвојување на безредието од претходно со она што треба да го имплементираме како нормален ред и поредок, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната конференција за новинари посветена на сработеното во досегашниот мандат потенцираше дека со преземањето на министерството затекнале нефукционален систем, институција без јасна организација, без услови за работа со изгубена доверба кај граѓаните и нагласи дека таква слика на тага и немоќ не смее никогаш повеќе да се види.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време.