Во четврток вицепремиерот Александар Николоски во Лондон ќе го потпише договорот со британските власти, со кој на земјава ќе и бидат на располагање шест милијарди евра за инвестициски проекти.
Facebook/Aleksandar Nikoloski Со Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе отвори можност за преку 70 проценти од домашните компании да учествуват во реализација на инфраструктурните проекти.
Владата денеска на седница го прифати договорот со британската Влада за стратешко партнерство и го овласти вицепремиетрот и министер за транспорт Александар Николоски да го потпише на церемонија во Лондон закажана за четврток.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски синоќа соопшти дека следната недела во Лондон ќе се потпише Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, по принцип Влада со Влада.