Ветувањето на премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија ќе покаже пред Европската Унија(ЕУ) дека ќе биде најдобриот ученик и дека ќе работи на реформите во земјата, немаат допирна точка со реалноста, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче во емисијата „Само интервју” на Канал 5. Според Филипче, легитимно е Владата да има желба да биде најдобриот ученик, но како што потенцира, за сега на секое поле и по сите предмети има само единици.
СДС и Филипче треба да престанат да ја кодошат Македонија и да измислуваат проблеми кои ги нема, а поттикнати од Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседавачот со Националниот совет за евроинтеграции Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираа приоритетите на данското претседателство со ЕУ, ги поздрави приоритетите на Данска во однос на проширувањето, коишто, посочи, се многу важни за денешниот геополитички контекст.