1 (181) ■ вести > свет > политика > војна ■ 12-Jun 07:11 -> 14-Jun 16:49
.
.
.
.

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Израел по нападите од Иран

  • Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран

  • Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

  • (ВИДЕО) Иран се закани со мрачна ноќ за Израел, Нетанјаху најави уште напади

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Израел по нападите од Иран 360степени | 14 јуни, 2025 10:39.

Израел, според информации од американски и европски претставници, очигледно се подготвува да почне напад врз Иран, објави денеска „Њујорк тајмс“, потег што би можел дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на Иран да развива нуклеарно оружје.

Фото: ЕПА Израел утрово соопшти дека го нападнал Иран, а иранските медиуми објавија дека во Техеран се слушнале експлозии.

На Израел му претстои мрачна ноќ, изјави висок ирански функционер за „Си-Ен-Ен“ додека двете земји денес разменуваат удари.

4 (30) ■ вести > македонија ■ 12-Jun 15:55 -> 14-Jun 17:08
.
.
.
.

Митревски: Данците одиграа многу повеќе, нѐ победија во секој сегмент

  • 🔴ВО ЖИВО🔴 Еурофарм Пелистер - ГОГ Гудме

  • Младинците на Пелистер поразени во полуфиналето од ГОГ Гудме

  • Пораз на младинците на Еурофарм Пелистер од Битола во “Ф4“ во Лигата на шампиони во Германија

Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер не успеа да направи подвиг и со пораз од ГОГ Гудме (21-36) испадна во полуфиналето на Ф4-турнирот за млади во Лигата на шампионите, кој е увертира за сениорите во Келн.

Гледајте ВО ЖИВО, Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме, ТУКА* *за да го следите преносот на ЕХФТВ, ќе ви биде потребна претходна регистрација, како и да платите 2,5 евра.

Фото/ facebook.com/hceurofarmpelister# Младинците на Пелистер не успеаја да се пласираат во финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Еурофарм Пелистер- ГОГ Гудме 21:36 (12:17) – (младинци) Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер од Битола е поразен од пораз од ГОГ Гудме (21:36) во полуфиналето на Ф4-турнирот за млади во Лигата на шампионите, кој се игра во Германија.

7 (76) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Jun 11:29 -> 14-Jun 12:20
.
.
.
.

Муцунски: Унгарија останува еден од најгласните и најпосветените поддржувачи на нашите европски аспирации

  • Јаневска и Сијарто потпишаа Меморандум со кој годишно по 20 македонски студенти добиваат стипендии за студии во Унгарија

  • Николоски - Сијарто: Силното партнерство со Унгарија и носи огромен бенефит на Македонија

  • Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во работна посета на земјава

МИАДоговор за стратешка соработка меѓу двете влади и Меморандум за разбирање и имлементација на програмата „Стипендиум хунгарикум“ за периодот 2026 – 2028 година потпишале денеска македонскиот министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и неговиот унгарски колега Петер Сијарто, кој престојува во посета на земјава.

Македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат во Унгарија на унгарски или на странски јазик.

Нашите односи со пријателите продолжуваме да ги градиме на уште повисоко ниво.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

9 (9) ■ вести > македонија ■ 14-Jun 11:48 -> 14-Jun 16:15
.
.
.
.

Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ

  • БУДНО СЕ СЛЕДИ СОСТОЈБАТА МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН Владата активира и кризен штаб во МНР

Има кризен штаб во МНРиНТ, се следи будно состојбата преку извештаите кои што ги добиваме преку службени канали, така што не би коментирал повеќе од ова што го кажав, изјави премиерот по отворањето на манифестацијата „Од нива до трпеза“ што се одржува денеска во Скопје.

БУДНО СЕ СЛЕДИ СОСТОЈБАТА МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН Владата активира и кризен штаб во МНР Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток вчера апелираше до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.

10 (68) ■ вести > македонија > хроника ■ 12-Jun 18:45 -> 14-Jun 14:34
.
.
.
.

Сите детали за обвинетите за пожарот во „Пулс“: Се гонат 34 лица, запрена е постапката за 11 лица, меѓу кои ексминистри и ексдиректори

  • Коцевски и обвинителскиот тим ќе информираат за досегашната постапка и донесената јавнообвинителска одлука за пожарот во „Пулс”

  • Поднесено обвинение за трагедијата во дискотеката „Пулс“ против 34 физички и три правни лица

  • Обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“, 34 физички и три правни лица се товарат за тешки дела против општата сигурност

Обвинителството поднесе обвинение против 34 физички и три правни лица за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, меѓу нив и шест деца.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и обвинителскиот тим кој ја води истрагата на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во клубот „Пулс”, денеска ќе одржат прес -конференција за досегашната постапка во овој предмет и донесената јавнообвинителска одлука.

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека денеска до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.-Денеска до Основен суд во Кочани се поднесува обвинителен акт против 34 физички и три правни лица за кривични дела со кои предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери, на место на кое се собрале поголем број на луѓе, односно за пожарот при настапот на музичката група ДНК на 16 март, каде што животот го загубија 62 лица, 157 се здобиле со тешки повреди и 54 лица со повреди, изјави Коцевски.

На сите 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност.

14 (92) ■ вести > свет ■ 12-Jun 09:16 -> 14-Jun 15:30
.
.
.
.

Единствениот патник кој ја преживеа авионската несреќа: Сè се случи пред мои очи (ВИДЕО)

  • Голем број студенти по медицина загинаа во авионската несреќа во Индија

  • (Видео) Луѓето трчаат да ги спасат преживеаните: детали по падот на авионот во Индија

  • (Видео) „Сѐ се стемни, мислев ќе умрам“, сведочи единствениот преживеан од падот на индискиот авион

Британскиот државјанин Вишвас Кумар Рамеш, кој чудесно ја преживеа несреќата на авионот на „Ер Индија“ во Ахмедабад, моментално е во болница на лекување, и како што истакна самиот не може да објасни што се случило во моментот кога авионот почнал да паѓа.

Повеќе од 100 тела се однесени во болница во индискиот град Ахмедабад откако авион на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со 242 патници се урна неколку минути по полетувањето од западниот индиски град, соопштија властите, очекувајќи бројот на жртви да се зголеми.

Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди и Контролниот центар на државната полиција.

Британскиот државјанин Вишвас Кумар Рамеш чудесно ја преживеа страшната несреќа на патнички авион на „Ер Индија“ кој се урна во близина на Ахмедабад, Индија.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

253 (7) ■ бизнис > македонија ■ 12-Jun 12:18 -> 12-Jun 19:08
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

  • ЗА 7 ГОДИНИ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА НАПРАВИ ДОЛГ ОД 4,1 МИЛИЈАРДА ЕВРА Сега нема право да коментира кој го зголемил долгот

За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на собраниска седница.

ЗА 7 ГОДИНИ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА НАПРАВИ ДОЛГ ОД 4,1 МИЛИЈАРДА ЕВРА Сега нема право да коментира кој го зголемил долгот Според министерката во континуитет претходната Влада се повикува дека 2 милијарди биле искористени за антикризни мерки, иако Државниот завод за ревизија објави дека само 400 милиони евра се потрошени за антикризни мерки Фото: Принтскрин За 7 години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на прашање за состојбата на долгот од пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи.

261 (7) ■ бизнис > македонија ■ 12-Jun 07:15 -> 12-Jun 15:37
.
.
.
.

ЕЛЕМ Турс со акумулирани загуби од 1,2 милијарди денари, утврди Државна ревизија

  • ЗАСТАРЕНИ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ, ЗАДОЛЖЕНОСТ И ЗАГУБИ: Ревизорите со забелешки за работењето на ЕЛЕМ ТУРС

Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје, за 2023 година утврди низа недоследности во работењето на Друштвото, кое се соочува со акумулирани загуби од приближно 1,2 милијарди денари и обврски над 268 милиони денари.

Добивај вести на Viber Ревизорите утврдиле недоследности во работењето на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и констатирале дека се соочува со акумулирани загуби од приближно 1,2 милијарди денари и обврски над 268 милиони денари.

301 (5) ■ бизнис > македонија ■ 12-Jun 12:14 -> 14-Jun 04:47
.
.
.
.

ЦАРИНИТЕ КАКО ДВИГАТЕЛ НА ИНТЕГРАЦИЈАТА: Македонија со нов закон, дигитални реформи и скок во заплени

  • Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и ЗБ: Покажавме дека Царинската управа е силно посветена на реформската агенда за забрзан влез во ЕУ - Agrotim.mk

Време зa читање: 4 минути Во време кога економската интеграција со Европската Унија станува клучна политичка и економска цел за земјите од Западен Балкан, царинските управи се позиционираат како клучничинители во овој процес.

„Во изминатата година покажавме дека Царинската управа е силно посветена на зајакнување на конкурентноста на македонската економија, подобрување на поврзаноста со регионот преку модернизација и отворање нови гранични премини на коишто посветено работиме, како и имплементација на нови технолошко напредни комуникациски системи.

126 (8) ■ сцена > култура ■ 12-Jun 21:15 -> 14-Jun 12:55
.
.
.
.

„12“ на Синиша Евтимов во продукција на МНТ е најдобра претстава на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

  • Во Прилеп завршува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Македонски театарски фестивал „Војдан Черднорински“: Сцена од претставата „12“ на Синиша Евтимов Претставата „12“ работена по мотиви на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов, во продукција на Македонскиот народен театар (МНТ) ги доби наградите за за уметничко остварување на преставата во целина, специјалната награда за колективна актерска игра и наградата „Димче Трајковски“ за машка епизодна улога за Оливер Митковски на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Со доделување на наградите и со претставата „Вистината“ на Театар Комедија“ во чест на наградените, вечер во Прилеп ќе заврши 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој почна на 6 јуни.

262 (4) ■ сцена > култура ■ 12-Jun 08:00 -> 13-Jun 18:15
.
.
.
.

„Кривопаланечко културно лето“ со над 60 настани, започнува на 19 јуни

  • Во Крива Паланка се одржа премиера на адаптирана верзија на „Зоки Поки“

На 19 јуни започнува „Кривопаланечко културно лето“ 2025, со опсежна културна програма со над 60 настани и содржини наменети за сите генерации, што има за цел да ја плени публиката од целата држава и поширокиот регион, дополнително поттикнувајќи го културниот туризам во градот, се наведува во соопштението од Општина Крива Паланка.Програмата ќе биде отворена на 19 јуни со атрактивното стенд-ап шоу на Сашко Коцев, што ќе се одржи во Националната установа Центар за култура, Крива Паланка, а предвидената летна културна програма нуди атрактивни содржини за сите генерации: концерти, изложби, литература, уметност, џез, поп-рок музика, фолклор, гастрономија, понуда, за која, веруваме, ќе се бара место повеќе за присуство и ќе приреди незаборавно уживање за публиката од државата и регионот, велат од општината.

Facebook / НУ Центар за култура Крива Паланка Мудри досетки, впечатливи детски реплики, другарство и дружба на разни генерации дечиња беа дел од вечерашната изведба на сценската адаптација на една од најпознатите книги за деца, „Зоки Поки” од Оливера Николова.