1 (25) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 07:47 -> 09-May 12:46
.
.
.
.

„Да, виновен сум“: Васил Јованов призна вина за смртта на Фросина Кулакова

  • МАЈКАТА НА ФРОСИНА КУЛАКОВА: Јас сум човек со откорната душа, барам највисока казна за Јованов зашто таа не е само обична сообраќајка

  • Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

Обвинетиот Васил Јованов (21) кој ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“, на денешното судско рочиште призна вина.

Камелија Кулакова, мајка на загинатата Фросина, побара најстрога казна за возачот Васил Јованов.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ . Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

3 (40) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 08-May 22:31 -> 09-May 11:24
.
.
.
.

Уапсен убиецот кој вчера пукаше во Штип

  • Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин

  • И НАПАЃАЧОТ И ЖРТВАТА ОД ШТИП СЕ СТРАНЦИ: Обвинителство излезе со детали за пукањето во Штип

  • (ВИДЕО) Нови детали за синоќешното убиство во Штип: Убиецот имал четворица помагачи

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е лишено, информираше ЈО. Пронајдено е и оружјето.

Дваесет и пет годишниот Е.О, странски државјанин, е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, потврдија за МИА од Клиничка болница-Штип.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип.

5 (4) ■ вести > македонија ■ 09-May 12:09 -> 09-May 12:55
.
.
.
.

Мисајловски: Македонскиот народ не беше нем сведок – беше активен борец, нашите предци ги дадоа своите животи за слобода, за правда, за иднина

  • Висока владина делегација ги одбележаа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Денеска, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот положивме венец со свежо цвеќе во чест на македонските партизани кои својот живот го положија за слободна Македонија., напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Делегација на Владата предводена од министерот за одбрана Владо Мисајловски, придружуван од министрите за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и за правда, Игор Филков, денеска положи венец со свежо цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта во Бутел во Скопје, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

8 (92) ■ вести > македонија > политика ■ 07-May 00:01 -> 09-May 11:21
.
.
.
.

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

  • Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

  • Ковачки: Заврши времето на уцени и закани од ДУИ

  • „Не, не, не“ – Таравари ја отфрла можноста за одржување парламентарни избори

Соопштение на СДСМ: Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат катастрофални резултати, имаат катастрофален начин на владеење.

„Завршено е времето на закани и уцени од страна ДУИ.

Не, не, не“, вака директно одговара претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на прашањето дали неговото евентуално излегување од Владата би значело одржување на предвремени парламентарни избори.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

107 (9) ■ бизнис > македонија ■ 07-May 10:36 -> 08-May 10:00
.
.
.
.

Азески на средба со косовскиот колега за надминување на проблемот со задржување на македонски камиони со прехранбени производи

  • Косово без образложение задржува македонски камиони на граница, алармира Стопанската комора

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територија на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходните мерки и нормализирање на протокот.

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територија на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходните мерки и нормализирање на протокот.

117 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 12:51 -> 07-May 15:15
.
.
.
.

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ Но, на земјата ѝ треба голем балансен енергетски капацитет

  • РКЕ: 55,72 проценти од енергетските капацитети во државава се од обновливи извори

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотоволтаичните електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија – вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотонапонските електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ Во делот со природен гас и топлинска енергија, РКЕ во Годишниот извештај ги нотира како значајни настани: завршената сертификација на Операторот на системот за пренос на природен гас НОМАГАС, како и отпочнувањето на постапките за издавање на лиценци на Друштвото за снабдување со пареа и топла вода ЕНЕРЏИ ЕКОЛИНК АД Скопје (поранешна Топлана Скопје Север). Сублимираните анализи во секторот водни услуги го потврдуваат повторно високиот процент на неприходувана вода и во 2024 година.

118 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 13:01 -> 07-May 14:17
.
.
.

Раст на трошоците на живот во април: 2.6% на годишно ниво, цените на мало пораснати за 2.7%

  • Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 %

Според Државниот завод за статистика, животните трошоци во април оваа година, споредено со април минатата година, покажуваат пораст од 2,6 %, а индексот на малопродажните цени забележува покачување од 2,7 %. Инфлацијата, измерена преку индексот на животните трошоци во април во споредба со март оваа година, е зголемена за 0,6 %. Порастот на инфлацијата е предизвикан од повисоките животни трошоци во следните категории: Транспорт со 5,1 %, Облека и обувки со 1,5 %, Рекреација и култура со 1,4 %, Мебел, предмети за домаќинство и одржување на домот со 0,5 %, Здравје со 0,4 % и Храна и безалкохолни пијалаци со 0,3 %. Намалување на животните трошоци е евидентирано во категориите Различни добра и услуги за 0,7 % и Алкохолни пијалаци, тутун и опојни средства за 0,1 %. Животните трошоци во категориите Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во изминатиот месец.

Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало од 2.7 %, соопшти Државниот завод за статистика.