1 (7) ■ вести > македонија ■ 08-May 10:20 -> 10-May 09:46
.
.
.
.

Семејствата на жртвите од пожарот во „Пулс“ денеска повторно на протест, ја одбија поканата од премиерот за средба

  • Родителите на загинатите од пожарот во Кочани ја одбија поканата од премиерот, денеска во Кочани ќе излезат на протестен марш

Семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје.

Семејствата на трагично загинатите млади во пожарот што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје.

3 (6) ■ вести > свет ■ 10-May 08:17 -> 10-May 08:56
.
.
.
.

Стармер, Макрон, Мерц и Туск во Кијив повикаа на поддршка на Украина и прекин на огнот

  • Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Киев: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и премиерите на Обединетото Кралство и Полска — Кир Стармер и Доналд Туск, пристигнаа во посета на Кијив за да ја демонстрираат својата “непоколеблива” поддршка за Украина и да го повторат повикот на САД за „целосен и безусловен 30-дневен прекин на огнот”.

Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и премиерите на Обединетото Кралство и Полска — Кир Стармер и Доналд Туск, пристигнаа во посета на Киев . Францускиот претседател Емануел , германскиот канцелар Фридрих и премиерите на Обединетото Кралство и Полска — Кир Стармер и Доналд Туск, пристигнаа во посета на Киев за да ја демонстрираат својата "непоколеблива" поддршка за Украина и да го повторат повикот на САД за „целосен и безусловен 30-дневен прекин на огнот".

4 (4) ■ вести > свет > регион ■ 10-May 08:44 -> 10-May 09:17
.
.
.

Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва

  • Терас од ЕП покренува иницијатива: Кошта да ја откаже посетата во Белград поради присуството на Вучиќ на воената парада во Москва

Известителот на Европскиот парламент за Косово, Рихо Терас објави на Х дека покренува иницијатива за собирање потписи од други европратеници за петиција со која се повикува претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да ја откаже планираната посета на Белград.

Известителот на Европскиот парламент за Косово, Рихо Терас објави на Х дека покренува иницијатива за собирање потписи од други европратеници за петиција со која се повикува претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да ја откаже планираната посета на Белград.

5 (4) ■ вести > балкан > регион ■ 09-May 16:40 -> 10-May 08:54
.
.
.
.

Заврши изборната кампања пред утрешните парламентарни избори во Албанија

  • Трамповиот мајстор за избори работи на соборување на Еди Рама

Со повик за масовна поддршка и убеденост во победа на неделните парламентарни избори, со синоќешните масовни митинзи во Тирана, партиите ја заокружија едномесечната интензивна изборна кампања.

Републиканскиот стратег кој го водеше политичкото воскресение на Доналд Трамп во 2024 година ѝ помага на главната опозициска партија во Албанија да се врати од „мртвите“.Советникот за кампањата на Трамп и републикански изборен гуру, Крис ЛаЧивита, сега ја поддржува конзервативната Демократска партија на Албанија, чиј лидер Сали Бериша се надева на сопствено политичко враќање по обвинувањата за корупција на националните избори со висок ризик во недела.

7 (50) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 07:47 -> 09-May 19:36
.
.
.
.

Дуковски: Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење

  • Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

  • Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

  • Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај

Треба да се индивидуализира и да се цени секој потег во врска со изрекувањето на казната, особено мора да се цени во духот на законот, фактот што Васил Јованов придонесе за ефикасно завршување на постапката и ја призна вината, беше кооперативен и соработуваше со судот и изрази најдлабоко можно каење – изјави бранителот на Васил, адвокатот Сашко Дуковски, по завршување на денешното рочиште за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

21 годишниот Васил Јованов призна вина, се извини и изрази каење со наведната глава и не гледајќи ги во очи родителите и најблиските на 22 годишната Фросина Кулакова која смртно ја прегази на Партизанска.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов.

8 (41) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 08:47 -> 10-May 23:59
.
.
.
.

Петмина осомничени за убиството на странскиот државјанин донесени во штипскиот Основен суд

  • Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин

  • МВР за убиството во Штип: Уапсени и помагачите на сторителот

  • Приведени лицето кое пукаше и четворица помагачи, сите турски државјани, во врска со синоќешното убиство во Штип

Во штипскиот Основен суд пред судија на претходно постапка вечерва се спроведени пет лица, кои се инволвирани во синоќешното убиство на 25 годишниот странски државјанин во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

Дваесет и пет годишниот Е.О, странски државјанин, е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, потврдија за МИА од Клиничка болница-Штип.

Синоќа во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што . Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал.

По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, полицијата во близина на наплатна рампа Миладиновци, од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на синоќешното убиство во Штип, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото, соопштија од МВР.

9 (56) ■ вести > македонија > политика ■ 08-May 08:20 -> 10-May 10:06
.
.
.
.

Таравари дефинитивно ја напушта Владата поради нарушена доверба со поранешните партнери во ВЛЕН!

  • Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

  • ЛИЦЕМЕРНО Е ФИЛИПЧЕ ДА ПОДНЕСУВА ЗАКОН ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Тоа е како да поднесе закон за Модуларната болница или за враќање на името

  • Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани и да не ја политизира трагедијата

Иако и Мицкоски направил обид да посредува меѓу довчерашните партнери во ВЛЕН, со цел оваа коалиција да биде поконкурентна во однос на ДУИ на локалните избори, сепак, не успеал да го премости јазот меѓу нив, поради што само треба да се официјализира преселбата на Таравари во опозиција, велат владини извори за „Фокус“.

Соопштение на СДСМ: Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Поднесување на предлог закон за настраданите во Кочани од страна на СДСМ е исмевање на народот во очи, смета Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката група на СДСМ денеска до Собранието ќе го достави Законот за Кочани со кој се предвидува финансиски надоместок и поддршка за семејствата што загубија своите најблиски во трагедијата во Кочани, како и за семејствата што имаат свој член повреден во стравотниот пожар во дискотеката „Пулс“.

14 (12) ■ вести > македонија > политика ■ 09-May 15:16 -> 09-May 18:51
.
.
.
.

Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем и брза заедничка гранична контрола, имплементација пред летната сезона

  • Македонија и Србија со заеднички гранични контроли на Табановце – Прешево

Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска во Белград потпишаа договор меѓу Владите на Македонија и Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце - Прешево кој треба да овозможи имплементација на вистински „One Stop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска во Белград потпишаа договор помеѓу Владите на Македонија и Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево кој треба да овозможи имплементација на вистински „One Stop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

65 (5) ■ бизнис > економија ■ 09-May 13:47 -> 09-May 16:19
.
.
.
.

ПРОТОКОТ НА СТОКИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО МОРА ДА СЕ НОРМАЛИЗИРА Азески и Рафуна побараа владите да го решат проблемот со сертификатите за храна

  • РАФУНА И АЗЕСКИ ВО СКОПЈЕ РАЗГОВАРАА ЗА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна и претседателот на Стопанската комора и потпретседател на КИФ Бранко Азески денеска во Скопје разговараа за проблемите со подолгото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во Скопје на разговори околу проблемите со подолго задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.