Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди фунти или околку шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравтсвото, итн., изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана на која беше постигната согласност за договорот.
На Самитот премиерот Мицкоски ќе оствари средбa со премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер.
Премиерите на Македонија Христијан Мицкоски и на Обединетото Кралство Кир Стармер денеска во Тирана го финализираат договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји.
За нас е историски овој настан како држава затоа што, само што ја завршивме средбата со премиерот на Обединетото Кралство, изјави премиерот на Македонија Мицкоски веднаш по заедничката пресконференција со британскиот премиер Кир Стармер.