Замислено како простор опремен со маси и клупи за пикник и уживање, и реквизити за играње на најмалите, излетиштето на средно Водно се чини одамна е заборавено од надлежните, а инвентарот – клупите, масите, клацкалките и тобоганите, направени од дрво, сега се неодржувани и во толку лоша состојба што претставуваат опасност од повредување на оние кои ќе се обидат да ги користат. Pari