Голема бура беснееше низ Сплит утрово, пороен дожд проследен со бурен ветер однесе сè пред себе, создаде голем неред на улиците и доста го оштети стадионот „Пољуд“.Домот на фудбалерите на Хајдук Сплит прво беше фотографиран однадвор, каде што може да се види како голем број плочи паѓаат од покривот, а потоа се појавија снимки од главните и помошните терени.
Главниот терен беше целосно потопен, а по сè, претседателот на Хајдук, Иван Билиќ, проговори, откривајќи морничави детали.– Најголема штета е на покривот, кој е пробиен и е опасен од двете страни.