Британецот Нори во денешното четвртфинале немаше шанси против вториот тенисер на светот, но сепак оствари многу добар пласман со настапот во завршницата на турнирот.
Алкараз во полуфиналето ќе игра против Американецот Тејлор Фриц, кој со 3:1 во сетови го победи Карен Качанов. Frontline
Карлос Алкараз не му остави ниту трошка надеж на Камерон Нори и се пласира во полуфиналето на Вимблдон, откако славеше рутински и експресно со 3-0 (6-2, 6-3, 6-3). Шпанецот не му дозволи на домашниот тенисер да се надева на изненадување и го реши мечот за час и 41 минути. Gol
Веднаш во следниот гем шпанскиот ас направи брејк кој потоа го потврди со уште еден и сетот го доби со 6-2 по првата меч-топка.
И на стартот на вториот сет Британецот имаше шанса да му одземе сервис на ривалот, ама откако не успеа следуваше казната (1-2). Алкараз играше сигурно и вториот сет го реши со вториот брејк за 6-3. Нори се бореше со притисокот и конечно успеа да се стабилизира во третиот сет, ама ниту тоа не беше доволно за добар резултат. Gol