Македонскиот фудбалер и легенда на Динамо Загреб, Аријан Адеми (33), нема да може да настапи на големото дерби против Хајдук, кое денеска се игра од 16 часот на „Полјуд“, поради повреда Сепак, Адеми отпатува со тимот во Сплит за да им биде поддршка на своите соиграчи во натпреварот кој може да ја одреди судбината на најнеизвесната трка за титулата во Хрватска во последните години.
Во пресрет на дербито на сезоната меѓу Хајдук и Динамо, атмосферата дополнително се вжештува бидејќи двете екипи влегуваат во натпреварот под огромен притисок.