Загрижени и огорчени поради оркестрираните напади врз нашиот клуб, врз гордоста на Куманово и спортскиот колектив кој направи многу за спортот, културата и младите!
ФФМ најави дека ќе ја продолжи борбата за чист и фер-плеј спорт по големиот скандал кој денеска се случи во Гевгелија, а со тоа јасно најави жестоки казни за сите инволвирани во фудбалската „местенка“ која ја режираа Кожув и Башкими.
Кожуф и Башкими одиграа срамен натпревар во 28. коло во Втората македонска фудбалска лига во кој, триумфираа гостите со 1-2 со гол во последните минути од средбата, кој беше буквално подарок на домашните фудбалери кои стоеја на терен за кумановци да дојдат до победа.
Фудбалската федерација на (ФФМ) експресно се огласи со соопштение поради случувањата од денешното коло од Втората македонска фудбалска лига.