Екипата на Интер е првиот патник во финалето од Лигата на шампионите во Минхен, откако во нов луд натпревар со Барселона славеше по продолженијата со 4-3, откако во судиското надополнување од регуларниот дел израмни на 3-3. Дербито во Милано започна со по една полу-шанса на двете страни, а од првата вистинска Интер поведе со 1-0. Голот на „Џузепе Меаца“го постигна Лаутаро Мартинез, но целата заслуга за тоа ја има бекот Дамфрис.
Интер е првиот финалист во Лигата на Шампионите откако „нероаѕурите“ во спектакуларен меч славеа со 4-3 над Барселона, и тоа по продолженија од два пати по 15 минути.