Американскиот фудбалски клуб Интер Мајами се откажа од правото да почне преговори со играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне, оставајќи го Чикаго како главен фаворит за доведување на белгискиот интернационалец во американската МЛС лига, објави денеска Би-Би-Си. Интер имаше ексклузивно право да преговара со Де Брујне, доколку Белгиецот одлучи да ја продолжи кариерата во Америка, но клубот од Мајами нема да го искористи тоа право.
Кевин Де Брујне неодамна го најави своето заминување од Манчестер Сити, но англиските новинари деновиве ги интересираше дали ќе заигра на Светското клупско првенство пред да ги напушти „граѓаните“.