По киксот на Ајакс минатото коло, стана јасно дека тимот на ПСВ Ајндховен има златна шанса да ја одбрани титулата во домашниот шампионат, што денеска тоа и се случи.
Комплетиран е пресвртот во холандската лига, ПСВ Ајндховен по 26-ти пат е првак на Холандија, а не изгледаше така пред околу еден месец кога Ајакс имаше девет бода повеќе.Но, Ајакс во претходните четири кола освои само два бода, а ПСВ ги доби сите мечеви и во последното коло влезе со бод предност пред Копјаниците.