Актуелниот првак во македонскиот женски фудбал, ЖФК Љуботен од Тетово денеска ги дозна противничките екипи за квалификацискиот турнир во рамки на Лигата на шампиони во женска конкуренција.
На жрепката во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија, ЖФК Љуботен се најде во група 3 со екипите на НСА Софиа (Бугарија), НСИ Рунавик (Фарски Острови) и Пјуник (Ерменија), а турнирот ќе се игра во Скопје.