Минесота успеа да направи пресврт во четвртфиналната плеј-оф серија против Голден Стејт и да поведе со 2-1 откако го доби третиот натпревар со 97-102 и тоа благодарение на одлична игра во последната четвртина кога негативата од шест поени беше претворена во победа.
Американските медиуми пишуваат дека ѕвездата на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум наводно има повреда на ахиловата тетива и поради тоа го чека долга пауза.
Актуелните шампиони во НБА, Бостон Селтикс, со уверливи 115:93 ги совладаа Њујорк Никси во Медисон Сквер Гарден и така стигнаа до првата победа во ова полуфинале од плејофот во Источната конференција на НБА лигата и го намалија заостанувањето на 1:2. Така продолжува трендот во Источната конференција, каде и по шест одиграни натпревари во вториот круг, домашната екипа сè уште нема запишано победа.