Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига беше одигран само натпреварот помеѓу Денвер и Оклахома по кој тимот од Колорадо се избори за ново изедначување на серијата на 3-3. Најубавите потези на вечерта ги одбележа и Никола Јокиќ, српскиот центар кој имаше фантастично додавање до својот соиграч за лесни поени.
Никола Јокиќ блескаше, Денвер ја победи Оклахома, и така ќе гледаме седми меч од една од најинтересните серии во плеј-офот на НБА лигата оваа сезона.
Најдобриот тим во НБА лигата по основниот дел од сезоната, Оклахома славеше со 112-105 и поведе со 3-2 во полуфиналето на Западната конференција.