Друштвото на ликовни уметници од Македонија (ДЛУМ) во рамки на Скопско културно лето традиционално ја организира изложбата „Скопски урбани приказни“, годинава насловена „Скопје: Сензорен град“ утре, 1 јули од 19 до 22 часот.
Фонтана „Филип 2„, Камен Мост, парк „Жена борец“, Сквер Јадран, улица Максим Горки, се само некои од локациите на кои деновиве ќе бидат изложени уметнички дела на повеќе уметници, во рамки на изложбата „Скопски урбани приказни“.