Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ, денеска во Белград потпишаа договор за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево, кој треба да овозможи имплементација на One Stop систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.
Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска во Белград потпишаа договор помеѓу Владите на Македонија и Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце - Прешево.