Црногорскиот романтичар ветува незаборавна дружба, за што по двата фантастични скопски концерти и нема сомнеж, но и потсетување на вечните хитови како „Љубав“, „Погледи у таму“, „Пола мога свијета“, „Нису ми дали да те волим“ и „Прстен на сто“...Овој концерт не е само музичко случување, тој е и остварување на една голема желба на Сергеј, кој, вели, дека секогаш со задоволство се враќа во Охрид и одамна посакувал да запее среде еден од најубавите локалитети во градот под Самоиловите тврдини, да ја почувствува магијата на Античкиот театар и преку музиката да ја однесе публиката на незаборавно патување низ најдлабоките чувства и приказни за љубовта.„Музиката е гласот на нашите најдлабоки чувства“, вели Сергеј, а токму таа ќе нè води низ ова волшебно патување полно со емоции.