1 (58) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 07:47 -> 09-May 19:36
.
.
.
.

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

  • Дуковски: Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење

  • Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај

  • Васил Јованов призна вина, пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина ќе биде објавена на 13-ти месецов

Сите сме свесни дека обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната, изјави адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова, Дарко Ал Блана, во изјава за медиуми по завршувањето на денешното рочиште во Основниот кривичен суд за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Треба да се индивидуализира и да се цени секој потег во врска со изрекувањето на казната, особено мора да се цени во духот на законот, фактот што Васил Јованов придонесе за ефикасно завршување на постапката и ја призна вината, беше кооперативен и соработуваше со судот и изрази најдлабоко можно каење – изјави бранителот на Васил, адвокатот Сашко Дуковски, по завршување на денешното рочиште за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов.

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов.

2 (43) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 07-May 14:54 -> 09-May 15:00
.
.
.
.

(ВИДЕО) МВР: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

  • Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин

  • (ВИДЕО) Се огласи МВР по пукањето во Штип

  • ВИДЕО I Пукање во Штип на плоштадот „Слобода“, едно лице повредено

МВР информира дека синоќа во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило.

Дваесет и пет годишниот Е.О, странски државјанин, е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, потврдија од Клиничка болница-Штип.

Вечерва имаше пукање на градскиот плоштад во Штип.

Едно лице е повредено вечерва во пукање со пиштол што се случило на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

3 (5) ■ вести > македонија > политика > религија ■ 09-May 18:02 -> 09-May 18:54
.
.
.
.

ПАТРИЈАРХОТ ПОРФИРИЈ: Историски, епархиите на територија на Македонија и припаѓале на СПЦ само од 1920 до 1967 г.

  • Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Македонскиот раскол, благодарение на Божјата љубов и промисла е исцелен, па сега таму имаме браќа и сестри во потполната смисла на зборот, изјави српскиот патријарх Порфириј во интервју за рускиот теолошки портал „Богослов.ру“, дадено за време на неговата неодамнешна посета на Русија.

Македонскиот раскол, благодарение на Божјата љубов и промисла е исцелен, па сега таму имаме браќа и сестри во потполната смисла на зборот, изјави српскиот патријарх Порфириј во интервју за рускиот теолошки портал „Богослов.ру“, дадено за време на неговата неодамнешна посета на Русија.

5 (104) ■ вести > македонија > политика ■ 07-May 00:01 -> 09-May 19:04
.
.
.
.

ЛИЦЕМЕРНО Е ФИЛИПЧЕ ДА ПОДНЕСУВА ЗАКОН ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Тоа е како да поднесе закон за Модуларната болница или за враќање на името

  • Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

  • Филипче: Прашање на време е кога ќе се распадне владината коалиција

  • ВЛЕН за Таравари: „Бегот“ од Гостивар сака да ги прошверцува петте пратенички мандати во ДУИ

Поднесување на предлог закон за настраданите во Кочани од страна на СДСМ е исмевање на народот во очи, смета Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат катастрофални резултати, имаат катастрофален начин на владеење.

Владината коалиција е осудена на неуспех и прашање на време е кога ќе се распадне, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче во пресрет на локалните избори наесен во Северна Македонија,а по бранувањата во владините редови и напуштањето на коалицијата Вреди на министерот за здравство, Арбен Таравари.

„ДУИ не може да се дефинира поинаку освен како казан во кој вријат кражби, криминал и корупција.

7 (12) ■ вести > македонија > политика ■ 09-May 15:16 -> 09-May 18:51
.
.
.
.

Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем и брза заедничка гранична контрола, имплементација пред летната сезона

  • Македонија и Србија со заеднички гранични контроли на Табановце – Прешево

Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска во Белград потпишаа договор меѓу Владите на Македонија и Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце - Прешево кој треба да овозможи имплементација на вистински „One Stop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска во Белград потпишаа договор помеѓу Владите на Македонија и Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево кој треба да овозможи имплементација на вистински „One Stop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

9 (10) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 08-May 14:40 -> 09-May 15:27
.
.
.
.

Директорка и службеници од МОН осомничени за проневера од 32 милиони денари за превоз на ученици

  • Кривични пријави за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици во Куманово

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука, две правни лица од Куманово и нивните сопственици за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т. – поранешна директорка ДСУ „Киро Бурназ“ од Куманово, против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П., против В.Д., Д.Б., В.В., Ј.В., Д.Т. и Н.К., сите од Скопје, вработени во Министерството за образование против Б.С. – управителка на правното лице.

СВР Куманово поднел кривична пријава против В.Т. - поранешна директорка на средното училиште „Киро Бурназ“ од Куманиво, осомничена за кривично дело „злоупотреба на службената положаба и овластување“, против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П. од Куманово поради сомнеж за кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ и „фалсификување или уништување деловни книги“, против В.Д., Д.Б., В.В., Ј.В., Д.Т. и Н.К., сите од Скопје, вработени во Министерството за образование и наука осомничени за кривично дело „злоупотреба на службена положба“, и против правно лице за книговодствени услуги и Б.С. – управителка на правното лице осомничена за „фалсификување или уништување деловни книги“.

13 (8) ■ вести > свет ■ 07-May 10:37 -> 09-May 16:03
.
.
.
.

Трамп предлага намалување на царините за Кина на 80 проценти

  • ТРАМП:Подготвен сум да се сретнам со Си во зависност од разговорите во текот на викендот

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска предложи намалување на царините за Кина од 145 на 80 проценти.

За прв пат откако американскиот претседател Доналд Трамп ја ескалираше трговската војна со Кина со воведување минимална царина од 145 проценти за повеќето стоки од Кина, Трамп изјави дека би бил спремен да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, објави Си-Ен-Ен. „Можеби, да, секако, во зависност од тоа што ќе каже Скот“, одговори Трамп на новинар кој го праша дали ќе разговара со Си откако министерот за финансии Скот Бесант и други американски претставници ќе се сретнат со кинеските претставници овој викенд.

15 (84) ■ вести > свет ■ 07-May 00:06 -> 09-May 18:16
.
.
.
.

Во Њу Делхи е исклучена струјата- тензиите со Пакистан достигнаа максимум

  • Индиско МНР: Нападите во Пакистан без насочени кон терористички кампови

  • Пакистанскиот премиер жестоко и се закани на Индија

  • Премиерот на Пакистан и одобри на војската контранапад на Индија

Делови од Њу Делхи, вклучително и околу Парламентот, беа исклучени денес 15 минути како дел од вежба за тестирање на подготвеноста за вонредни ситуации.

Нападите на Индија врз Пакистан беа насочени кон „терористички кампови“ кои служеа како центри за регрутирање и места за стационирање, каде што се складира оружје и има објекти за обука, соопшти индиската војска.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ѝ се обрати на нацијата откако Индија изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и Кашмир под пакистанска управа.

Индија во средата започна воздушни напади врз цели во Пакистан и пакистански Кашмир , а Исламабад возврати тврдејќи дека соборила пет индиски борбени авиони, во најлошиот вооружен конфликт меѓу двете нуклеарно вооружени држави во последните две децении.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

62 (15) ■ бизнис > македонија ■ 07-May 10:36 -> 09-May 16:54
.
.
.
.

Рафуна и Азески во Скопје разговараа за нормализирање на протокот на прехранбени производи на македонско-косовската граница

  • Косово без образложение задржува македонски камиони на граница, алармира Стопанската комора

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во Скопје на разговори околу проблемите со подолго задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територија на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходните мерки и нормализирање на протокот.

140 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 12:51 -> 07-May 15:15
.
.
.
.

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ Но, на земјата ѝ треба голем балансен енергетски капацитет

  • РКЕ: 55,72 проценти од енергетските капацитети во државава се од обновливи извори

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотоволтаичните електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија – вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотонапонските електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ Во делот со природен гас и топлинска енергија, РКЕ во Годишниот извештај ги нотира како значајни настани: завршената сертификација на Операторот на системот за пренос на природен гас НОМАГАС, како и отпочнувањето на постапките за издавање на лиценци на Друштвото за снабдување со пареа и топла вода ЕНЕРЏИ ЕКОЛИНК АД Скопје (поранешна Топлана Скопје Север). Сублимираните анализи во секторот водни услуги го потврдуваат повторно високиот процент на неприходувана вода и во 2024 година.

141 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 13:01 -> 07-May 14:17
.
.
.

Раст на трошоците на живот во април: 2.6% на годишно ниво, цените на мало пораснати за 2.7%

  • Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 %

Според Државниот завод за статистика, животните трошоци во април оваа година, споредено со април минатата година, покажуваат пораст од 2,6 %, а индексот на малопродажните цени забележува покачување од 2,7 %. Инфлацијата, измерена преку индексот на животните трошоци во април во споредба со март оваа година, е зголемена за 0,6 %. Порастот на инфлацијата е предизвикан од повисоките животни трошоци во следните категории: Транспорт со 5,1 %, Облека и обувки со 1,5 %, Рекреација и култура со 1,4 %, Мебел, предмети за домаќинство и одржување на домот со 0,5 %, Здравје со 0,4 % и Храна и безалкохолни пијалаци со 0,3 %. Намалување на животните трошоци е евидентирано во категориите Различни добра и услуги за 0,7 % и Алкохолни пијалаци, тутун и опојни средства за 0,1 %. Животните трошоци во категориите Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во изминатиот месец.

Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало од 2.7 %, соопшти Државниот завод за статистика.