На програмата на Охридско лето вечерниот термин денеска е за Лукаш Вондрачек, пијанист од Чешка, која ќе настапи со дела на Јоханес Брамс (Седум фантазии оп. 116), Александар Скрјабин (Фантазија во h-moll оп. 28), Антонин Дворжак (Хумореска оп. 101 бр. 7) и Роберт Шуман (Хумореска оп. 20). Неприкосновениот победник и носител на наградата Гран при на Меѓународниот натпревар „Кралица Елизабета“ во 2016 година – Лукаш Вондрачек, повеќе од две децении патува низ светот настапувајќи со најпознатите светски оркестри.
Вондрачек е неприкосновент победник и носител на наградата Гран при на Меѓународниот натпревар „Кралица Елизабета“ во 2016 година.