Контролите ќе продолжат и ќе се прошират низ целиот прв крак, а од општината порачаа дека „плажите им припаѓа на сите“ и повикаа да се почитува јавниот простор.
Вакви контроли и операции имаше и во изминатите години, а од општина Касандра во средата преку соопштение и преку објава на социјалните мрежи на три јазици: англиски, германски и српски, најавија интензивирање на контролите за отстранување на предмети што нелегално го зафаќаат јавниот и слободен простор на плажите. Denesen
Од општина Касандра објавија фотографии и соопштија дека акцијата беше во рамките на интензивираните контроли за заштита на јавниот карактер на плажите, спроведена со помош на полицијата и без претходно предупредување, како што е предвидено со закон.
Отстраните беа предмети, кои најчесто туристите ги оставаат на плажите во текот на ноќта за да имаат обезбеден простор за следниот ден. Libertas
Нелегално поставените сонцобрани, лежалки, крпи и други слични предмети на јавен имот, на плажите во Полихроно и Калитеа, беа дислоцирани, конфискувани и пренесени на рециклажа, во склоп на инспекциите кои ги спроведува општината Касандра, на првиот крак на Халкидики, пренесе дописничката на МИА од Атина. Biznisvesti