Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска информира дека повиците за #EULIFE25 програмата се официјално отворени, а земјава е единствена во регионот што има пристап до овие средства, соопшти неговиот кабинет.
Меџити ја повика домашната академска заедница, локалните самоуправи, научните и образовни институции, приватниот сектор и здруженијата на граѓани, да ја искористат оваа прилика и да аплицираат директно за некој од отворените повици, за да според него, зелените идеи да се претвараат во конкретни проекти поддржани од ЕУ! LIFE Програмата поддржува проекти во четири клучни области: Заштита на природата и биодиверзитетот; Циркуларна економија; Климатска акција – ублажување и адаптација; Чиста енергија и одржливи извори.