Претседателката ја истакна нашата подготвеност за зајакнување на соработката со ПАС преку потпишување меморандуми за разбирање, развивање партнерство со универзитетите и можности за пракса на младите професионалци во областа на меѓународното право, со што се согласи Генералниот Секретар на судот, Марцин Цепелак.
Тој ја запозна претседателката со историјата на Палатата на мирот во којашто е сместен Постојаниот арбитражен суд, со работата на судот и процедурите на одлучување. Skopjeinfo
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Генералниот секретар на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Марцин Цепелак, на којашто претседателката искажа загриженост за актуелната безбедносна состојба во светот и ја истакна потребата од праведен и постојан мир. Skopje1
На покана на Генералниот секретар на НАТО, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ќе учествува во работата на Самитот којшто денеска и утре се одржува во Хаг, Кралството Холандија.
Во состав на државната делегација предводена од претседателката ќе бидат министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Zoom