По приклучувањето на Факултетот за информатика од Штип кон институционалните заложби за воведување на вештачката интелигенција во националниот образовен систем во Македонија, од денес соработници на Министерството за образование и наука во остварувањето на оваа цел се и приватната високообразовна установа и друштвото за интернет едукација, кои работат под брендот Бреинстер. Mk
На конференција на која беше потпишан трипартитен меморандум за соработка, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска изрази задоволство што раководствата и кадарот на овие два едукативни субјекта, покажаа висок општествена одговорност и силна волја со своето знаење и стручност да им помогнат на министерството, Бирото за развој на образованието и Центарот за развој на стручното образование во интегрирањето на оваа технолошка иновација во наставните програми во средните училишта во државата.
„Примарниот фокус на меморандумот што денес го потпишуваме е поддршка за воведување на вештачката интелигенција во средните училишта. Mk
МОН и Факултетот за информатика во Штип веќе подготвуваат документ со насоки за наставниците и за учениците околу примената на вештачката интелигенција од септември, што, како што рече Јаневска, ќе биде увертира на воведувањето на конкретни теми во наставните програми во секое одделение.
Основачот на „Бреинстер“ групацијата, Петар Ниновски потенцираше дека за нив ова е значаен ден бидејќи се формализира соработката со МОН и се прави голем чекор напред кон системски пристап во воведување на вештини поврзани со познавањето на вештачката интелигенција во средното образование. Radiomof
На конференција денеска, 18 јули, беше потпишан трипартитен меморандум.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изрази задоволство што и јавна и приватна образовна установа со своето знаење ќе им помогнат на институциите во имплементирањето на интегрирањето на оваа технолошка иновација во наставните програми. Plusinfo
Министерството за образование и наука и Бреинстер денеска ќе потпишат меморандум за соработка со фокус воведување на вештачката интелигенција во средното образование. Alsat