„Македонија, и покрај ограничените ресурси, покажа способност да даде реален и мерлив придонес во справување со транснационални безбедносни закани“, потенцираше Тошковски.
Министерот Тошковски на маргините на самитот оствари значајна билатерална средба со шефот на Полицијата на Дубаи, Абдула Калифа Ал Мари, на која се заблагодари за можноста нашата држава да биде дел од ваков стратешки форум. Mk
„Разговаравме за унапредување на стратешката безбедносна соработка, особено во доменот на борбата против транснационалниот организиран криминал, тероризмот и новите безбедносни закани кои не познаваат граници.
Фокусот беше ставен на операционализација на веќе потпишаниот договор за безбедносна соработка, преку формирање на заеднички оперативни тимови и размена на информации. Mk
Во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати, имав чест да учествувам на Светскиот полициски самит во Дубаи – глобална платформа за безбедносна соработка, технолошки иновации и иднината во полициското работење, која обединува полициски лидери и експерти од над 100 држави, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Skopjeinfo
На маргините на самитот остварив значајна билатерална средба со шефот на Полицијата на Дубаи, Абдула Калифа Ал Мари, на која се заблагодарив за можноста нашата држава да биде дел од ваков стратешки форум.
Договоривме интензивирање на соработката на техничко ниво помеѓу двете институции, со акцент на размена на знаење и искуства, особено во делот на дигиталната трансформација и имплементацијата на алатки базирани на вештачка интелигенција во полициското работење, истакна Тошковски. Denesen
Деновиве на покана на министерот за внатрешни работи присуствувам во Обединетите Арапски Емирати, каде што учествувам на Светскиот полициски самит во Дубаи, на кој ќе имам и свое обраќање, објави на неговиот фејсбук профил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Novamakedonija