Вечерва во Владата се одржува средба на премеирот и лидер на владејачката ВРМО-ДПМНЕ и претставниците на коалицијата Вреди (Влен). Засега нема информација за темите за кои ќе се разговара на состанокот, но средбата доаѓа по најновите случувања во коалицијата Вреди, откако претседателот на крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, најави дека на следните локални избори ќе настапува самостојно иако намерите на коалицијата беа да се оди со заеднички кандидати и листи.
За средбата што ја најави премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, за во 17 часот во Владата, Таравари вели дека не очекува ништо посебно, бидејќи, како што потенцира, тие се во постојана комуникација.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека ќе се сретне со министерот за здравство и лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуалната соработка со ДУИ на локални избори.