ЦУКЦентралниот дел на државата и околината на градот Куманово се под многу висок ризик од појава на пожари – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), објавувајќи мапи на кои се детектирани горливите точки во земјата кои се соочуваат со потенцијална појава на пожари.Повикувајќи се на мапата која го покажува метеоролошкиот индекс на опасност од пожари, од ЦУК велат дека освен во централниот дел и Кумановскиот Регион, останатиот дел од територијата на земјава е под висок ризик од пожари, а низок ризик има на подрачјата околу Шар Планина и други помалку загрозени региони.„Метеоролошкиот индекс на опасност од пожари се пресметува врз основа на податоци од автоматските метеоролошки станици на Управата за хидрометеоролошки работи, а вклучува параметри како температура на воздухот, релативна влажност, брзина и правец на ветерот“, наведуваат од ЦУК.Објавувајќи ја мапата со горливите точки, од ЦУК велат дека тие автоматски се детектирани преку сателитски сензори и укажуваат на потенцијални активни пожари или извори на топлина на територијата на државата.
Од: А1он Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку својот Фејсбук профил информира дека денеска во текот на попладневните часови, дел од граѓаните добиле СМС порака со содржината: „Ве известуваме дека има прогласена кризна состојба во врска со пожарите и ве информираме дека на сила е забрана за движење во шумите“.
Попладнево голем број на граѓани преку СМС пораки добија известување од Центарот за управување со кризи (ЦУК) дека е прогласена кризна состојба и дека има забрана за движење низ шума.