За првпат, граѓаните, а не партиите, се ставени во центарот на системот, рече Минчев.
Министерот најави и нов реформски пакет закони кои се во подготовка: -Законот за висока раководна служба;-Законот за организација и работа на органите на државната управа;-Законот за воспоставување на систем за плати во јавниот сектор. Alfa
Тој на прес-конференција информираше дека овие закони не се само технички документи, туку дека се симбол на заложбата за европеизација на општеството, за градење ефикасна, професионална и одговорна јавна администрација, во служба на граѓаните и во чекор со стандардите на Европската унија.-Законот за вработените во јавниот сектор носи јасна и објективна процедура за вработување, базирана на заслуги и компетенции, а не на врски и партиски влијанија.
Централизација и дигитализација на сите огласи преку веб-страницата на Агенцијата за администрација, што гарантира транспарентност и еднаква можност за сите кандидати. Alsat
Строги ограничувања на дискреционите овластувања, со што го прекинуваме партискиот хаос во вработувањата.
Специјализирана категорија за ИТ кадарот со повисоки плати и современи услови за работа, за да ги задржиме младите во земјата, истанкна Минчев. Kanal5
Законот за стручно усовршување, министерот рече дека претставува прв законски систем за стручно усовршување во историјата на државата, кој го прави учењето задолжително и континуирано.
Создавање на Академија за обуки и стручно усовршување како централен орган во Министерството, мотор на развој и носител на најдобри европски практики, вклучување на искусни административци како обучувачи, со мотивација и финансиска награда, високи стандарди за новите вработени со обврска за положување испит и за раководниот кадар со задолжителни обуки како и отворање врати за современа соработка со универзитети, научни центри и странски академии за постојани иновации, појасни Миничев. Frontline
Во однос на Законот за административните службеници појасни дека со него се воведува систем на вработување исклучиво преку компетенции и реални знаења, со електронски тестови и практични проверки.
Во однос на Агенцијата за администрација, која како интегриран дел од Министерството, рече дека ќе гарантира фер и транспарентен изборен процес, дигитализиран и достапен за јавноста. Frontline
Министерот го истакна значењето на законите како суштинска пресвртница кон изградба на професионална, деполитизирана и ефикасна администрација, во согласност со европските стандарди.
На вчерашната седница, Собранието на Република Македонија ги усвои следниве реформски закони: -Законот за административни службеници; -Законот за вработените во јавниот сектор; -Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници. Kurir
Министерот Минчев не знае уште колку административци седат дома и земаат плата, но уверува дека бројкаата годинава е намалена.
Изгласан е и законот за инспекциски надзор, а истовремено се подготвуваат уште три нови закони. Alfa