Во врска со нападот врз градоначалничката на град Скопјe, Данела Арсовска, за време на увид во дивоградба во населбата Чаир во Скопјe, спроти Полициската станица Бит Пазар, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека имало физички контакт, но нејзиното тврдење дека била пред полицијата е лага и повторен обид за манипулација со јавноста.
Фото: ppj.mk Државата има институции, ги повикувам да постапуваат за случајот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчерашните обвинувања на скопската градоначалничка Данела Арсовска.
Општина Чаир најостро го осудува инцидентот што се случи помеѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и неколку лица на територија на Општина Чаир.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека во нападот при увид на дивоградба во скопската општина Чаир врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска имало физички контакт, но, дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тврдењето оти тоа се случувало пред припадници на полицијата.