Во Противпожарниот дом попознат како Пожарна денеска пред јавноста тие ја претставија целокупната опрема и возен парк, а ги посетија и најмладите, дечињата од Детските градинки „Димче Мирчев“ на кои пожарникарите им оддржаат и едукативен час за заштита од пожари и ги запознаа со опремата и возилата. Kanal5
Минатата година во велешко изгореа голем број на шуми најголем дел во реонот на Општина Чашка.
Како што изјави за МИА, Ивица Поповски заменик командир на ТППЕ Велес,тие располагаат со доволен возен парк во исправна состојба, а кој секојдневно се проверува и одржува како и доволно лична и друга опрема за гаснење на шумски и секаков вид на пожари. Kanal5
Беа претставени теренските џипови - возила за гаснење на мали пожари како и за шумските пожари, потоа навалните возила камиони - цистерни со вода, воедно беше претставена и опремата за техничка интервенција скали дводелни и троделни и скала за самоспасување од балкон на балкон во згради во случај на пожар и други незгоди.
Воедно беше презентирана и спусницата и душекот на надувување за спасување на луѓе во опасност од балкони и при други несреќи, појасни Поповски. Kanal5