Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски учествува на 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт Романија.
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со Махмут Челик, претседател на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). На средбата која се организираше по повод размена на информации околу фазите на спроведување на дигитализацијата на Судот, учествуваа и судијата м-р Фатмир Скендер и шефот на кабинетот , д-р Екрем Халимовски.