1 (5) ■ вести > свет ■ 11-May 20:12 -> 11-May 20:50
.
.
.
.

Зеленски ќе се сретне со Путин откако Трамп му рекол веднаш да го прифати рускиот предлог

  • Зеленски: Ќе го чекам Путин во Турција во четврток, лично

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Турција во четврток, откако американскиот претседател Доналд Трамп му рекол веднаш да го прифати предлогот на Москва за директни преговори без предуслови.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен лично да дојде во Истанбул во четврток на средба со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за крајот на војната.

2 (23) ■ вести > македонија ■ 09-May 15:21 -> 11-May 19:08
.
.
.
.

Последно кафе Мицкоски-Таравари: „Нека му е со среќа, не очекував дека ќе оди во прегратките на ДУИ“

  • Таравари дефинитивно ја напушта Владата поради нарушена доверба со поранешните партнери во ВЛЕН!

  • Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари

Претстојнава недела ќе имаме последно кафе со претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и јас му посакувам се најдобро.

Иако и Мицкоски направил обид да посредува меѓу довчерашните партнери во ВЛЕН, со цел оваа коалиција да биде поконкурентна во однос на ДУИ на локалните избори, сепак, не успеал да го премости јазот меѓу нив, поради што само треба да се официјализира преселбата на Таравари во опозиција, велат владини извори за „Фокус“.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека Владата е стабилна, има огромно мнозинство и е фокусирана на реформската агенда и испорака на проекти.

8 (47) ■ вести > свет ■ 09-May 10:37 -> 11-May 19:55
.
.
.
.

Индија и Пакистан упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот

  • Експлозии во индискиот дел на Кашмир, неколку часа по објавеното примирје меѓу Индија и Пакистан

  • Најмалку 13 цивили загинаа во Кашмир за период од 12 часа

  • ПАКИСТАН: ИНДИЈА ГИ НАПАДНА НАШИТЕ ВОЕНИ БАЗИ - почнавме одмаздничка операција

Индија и Пакистан денеска упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот, само неколку часа откако го прогласија прекинот на огнот договорен по преговорите предводени од Соединетите Американски Држави Индија и Пакистан денеска упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот, само неколку часа откако го прогласија прекинот на огнот договорен по преговорите предводени од Соединетите Американски Држави за завршување на најсериозниот воен конфликт меѓу нуклеарно вооружените ривали во последните децении, јавија светските агенции.

Експлозии се слушнаа во Шринагар, главен град на делот од Кашмир контролиран од Индија, неколку часа откако Њу Делхи и Исламабад се согласија за прекин на огнот, објавија светските агенции, повикувајќи се на првиот министер на територијата Џаму и Кашмир, Омар Абдула.

Најмалку 13 цивили беа убиени во пакистанскиот дел од Кашмир во 12-часовна размена на оган меѓу индиските и пакистанските сили по воената акција на Исламабад против Индија во раните утрински часови, соопшти регионалната служба за вонредни ситуации.

Пакистанската војска објави дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта, вклучувајќи локации во близина на главниот град Исламабад.

11 (6) ■ вести > балкан > регион ■ 10-May 09:15 -> 11-May 17:06
.
.

Радев бара референдум за еврото, ја обвинува власта за напад врз демократијата

  • Радев повика на референдум за еврото, доби поддршка само од две проруски партии

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е изненадувачки што оние што се сметаат за најголеми демократи се противат на референдум за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година.

Претседателот Румен Радев ќе поднесе до регистарот на Народното собрание барање за национален референдум со прашањето: „Дали се согласувате Бугарија да ја усвои единствената европска валута, еврото, во 2026 година?“ Шефот на државата ја објави оваа иницијатива во вонредно обраќање до народот и Националното собрание вечерва: „За помалку од еден месец ќе биде објавен вонредниот извештај за подготвеноста на Бугарија за еврозоната.

12 (45) ■ вести > македонија > политика ■ 09-May 09:47 -> 11-May 14:59
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна

  • Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

  • ЛИЦЕМЕРНО Е ФИЛИПЧЕ ДА ПОДНЕСУВА ЗАКОН ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Тоа е како да поднесе закон за Модуларната болница или за враќање на името

  • ВМРО-ДПМНЕ со реакција по интервјуто на Филипче: Тој и СДСМ не се решение, тие се проблемот

Венко демантира, Филипче признава.

Соопштение на СДСМ: Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Поднесување на предлог закон за настраданите во Кочани од страна на СДСМ е исмевање на народот во очи, смета Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ и Филипче продолжуваат со истата матрица на потценување на граѓаните и дека нивните политики се штетни за државата.

15 (27) ■ вести > македонија ■ 09-May 23:08 -> 11-May 16:28
.
.
.
.

Мицкоски подготвен да оди во Кочани и да разговара со родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“

  • Семејствата на жртвите од Кочани одбија средба со Мицкоски, за денеска најавен „Марш на ангелите“

  • Каде да фатиме врски за да си ги вратиме другарите? – протест „Марш на ангелите“ во Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази жалење што родителите на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ не ја прифатиле поканата за средба во Владата, но, како што посочи, е подготвен да оди во Кочани, за да разговара со нив.

Семејствата на младите што трагично ги загубија животите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата за средба со премиерот Христијан Мицкоски, која беше закажана за 13 мај во Скопје.

„Бараме правда“, „Не чекајте твоето дете да биде следно“, „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“, „Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има“, „Каде да фатиме врски да ги вратиме другарите“.

16 (7) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 16:36 -> 11-May 19:18
.
.
.
.

(ВИДЕО) Кривична пријава за мачење животни

  • ВИДЕО 23-годишен кривопаланчанец влечел куче со автомобил – доби кривична пријава!

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А.(23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. Според информациите на полицијата, синоќа во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча.

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча.

Повеќе од
оваа категорија

56 (4) ■ спорт > кошарка > нба ■ 11-May 08:07 -> 11-May 09:21
.
.
.
.

Уверлива победа на Бостон, Минесота подобра од Голден Стејт (Видео)

  • Бостон во „Медисон Сквер Гарден“ покажа зошто е првак, Г. Стејт не може без Кари (ВИДЕО)

Актуелните шампиони во НБА, Бостон Селтикс, со уверливи 115:93 ги совладаа Њујорк Никси во Медисон Сквер Гарден и така стигнаа до првата победа во ова полуфинале од плејофот во Источната конференција на НБА лигата и го намалија заостанувањето на 1:2. Така продолжува трендот во Источната конференција, каде и по шест одиграни натпревари во вториот круг, домашната екипа сè уште нема запишано победа.

Актуелниот НБА-шампион, екипата на Бостон Селтикс, дојде до убедлива победа во синоќешната пресметка против Њујорк Никс (115-93) во „Медисон Сквер Гарден“, со што се врати во игра во полуфиналната серија од Источната конференција (1-2). „Келтите“ уште од самиот почеток на натпреварот диктираа темпо и постепено ја зголемуваа предноста.

Повеќе од
оваа категорија

33 (5) ■ бизнис > економија ■ 11-May 13:21 -> 11-May 14:41
.
.
.

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА: Еве кој ќе инвестира

  • Мицкоски најави нова инвестиција: Швајцарска фармацевтска компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија десетици милиони евра за повеќе од 500 вработени

Швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“ ќе инвестира десетици милиони евра во Македонија што ќе резултира со отворање на повеќе од 500 работни места, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по увидот на градежните активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба.

Швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“ ќе инвестира десетици милиони евра во Македонија што ќе резултира со отворање на повеќе од 500 работни места, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по увидот на градежните активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба.

75 (7) ■ бизнис > македонија ■ 10-May 10:14 -> 10-May 11:30
.
.
.
.

Кочовска: Со парите на даночните обврзници нема да се спасуваат неликвидни банки

  • Законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка и зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем

Министерството за финансии презеде повеќе законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка со цел зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем и градење силни банки, кои се силен партнер во спроведување на политиките на Владата за поддршка на домашната економија.

Министерството за финансии презеде повеќе законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка со цел зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем и градење силни банки, кои се силен партнер во спроведување на политиките на Владата за поддршка на домашната економија.

155 (5) ■ бизнис > економија ■ 09-May 13:47 -> 09-May 16:19
.
.
.
.

ПРОТОКОТ НА СТОКИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО МОРА ДА СЕ НОРМАЛИЗИРА Азески и Рафуна побараа владите да го решат проблемот со сертификатите за храна

  • РАФУНА И АЗЕСКИ ВО СКОПЈЕ РАЗГОВАРАА ЗА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна и претседателот на Стопанската комора и потпретседател на КИФ Бранко Азески денеска во Скопје разговараа за проблемите со подолгото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во Скопје на разговори околу проблемите со подолго задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

180 (4) ■ бизнис ■ 09-May 12:56 -> 09-May 14:47
.
.
.

МЕСЕЧЕН И ГОДИШЕН РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА ИНДУСТРИСКИТЕ ПРОИЗВОДИ Еве колкави се зголемувањата на цените по гранки

  • Зголемени цените на индустриските производи

Продажните цени на индустрискиte производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во март 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0,4%, а во однос на март минатата година за 7%, покажуваат податоците на (ДЗС). На странските пазари, во март 2025 година продажните цени на индустриските производи се зголемени за 0,5% во однос на претходниот месец, а за 7,3% во однос на истиот месец од претходната година.

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во март 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.4 проценти, а во однос на март минатата година за 7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). На странските пазари, во март 2025 година продажните цени на производителите на индустриски производи се зголемени за 0,5 проценти во однос на претходниот месец, а за 7,3 проценти во однос на истиот месец од претходната година.