Треба да се цени секој потег во врска со изрекувањето на казната, особено мора да се цени во духот на законот, фактот што Васил Јованов придонесе за ефикасно завршување на постапката и ја призна вината, беше кооперативен и соработуваше со судот и изрази најдлабоко можно каење, изјави бранителот на Васил, адвокатот Сашко Дуковски за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.
Обвинетиот Васил Јованов (21) кој ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“, на денешното судско рочиште призна вина.
Почна судењето за Васил Јованов, момчето кое во јануари годинава смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на пешачки премин на Партизанска во Скопје на. Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
На првото рочиште во Кривичниот суд за трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби 21-годишната Фросина Кулакова, обвинителот Александар Марковски изјави дека ќе докаже оти возачот Васил Јованов ја усмртил младата жена со умисла, пренесе . – Обвинетиот нецела минута пред критичниот момент возел цик-цак, преминал преку две полни линии.