Novamakedonija
Машките и женските гласови во мистичен разговор со лирата, дудукот, дефот, загадочното одѕвонување на сантурот и космичноста на клавијатурите, се слушаат низ камените ѕидини и духот на старата Варош, носејќи бранови од минатото и емоција која допира до најдлабоките основи на нашето постоење и сеќавање, додека ги поврзува епохите и просторот, можеби поврзувајќи ги нашите исконски звуци со трупите на некои патувачки музичари и минатото со сегашноста и иднината.
Ќе настапат Ана Митоска (вокал, сантур), Петар Христов (цариградска лира, вокал, ут, лаута, дудук, сопран саксафон, блокфлејта…), Зоран Беговски (кавал, деф, вокал), и Симон Облешевски (клавијатури). – Ќе оживеат легенди и звуци што се носат од далеку – и остануваат длабоко во нас. Novamakedonija