Приклучувањето кон СЕПА претставува значаен исчекор на патот кон Европската Унија и потврда за реформите предводени од Народната банка, насочени кон исполнување на високите европски регулаторни барања и стандарди во областа на плаќањата, констатираа гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и директорката за Западен Балкан при Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, Валентина Суперти.
„Пристапувањето кон СЕПА претставува историски напредок на патот кон Европската Унија и потврда за реформите коишто ги предводеше Народната банка за исполнување на високите европски регулативни барања и стандарди во доменот на плаќањата.