Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Северна Македонија, Албанија, Белгија , Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто се одржува до 30 јуни 2025 година, во Кинотеката на Северна Македонија.
Со проекција на филмот „Ривиера“ на Орфеас Перецис, во француска и грчка копродукција, вечер почнува Недела на франкофонски филм.