По испраќањето полиција на планината Кожуф со цел да се спречи протестот за заштита на реката Дошница, пратеникот на Левица, Саше Јанчев, жестоко реагираше преку социјалните мрежи, обвинувајќи го министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за правно насилство и кршење на уставно загарантираното право на јавен протест.„Министерот, Панче Тошковски, денес на Кожуф испрати полиција со цел да ја искористи забраната за движење во шуми за да го разбие протестот со кој се штити Дошница.Министре,Член 21, ст. 2 од Уставот вика дека право на протест може да се ограничи само во воена или вонредна состојба.