Камбоџа повика на итен и безусловен прекин на огнот во вооружениот судир со Тајланд, изјави нејзиниот постојан претставник во ОН, Кео Чеа, по синоќешната седница на Советот за безбедност во Њујорк, јави ДПА.
Тајланд започна воздушни напади врз камбоџански воени цели долж нивната долго спорна граница, ескалирајќи ги тензиите меѓу соседите од Југоисточна Азија.
Утрово повторно имаше борби долж границата меѓу Тајланд и Камбоџа, каде што долгогодишните тензии ескалираа во едни од најлошите насилства во последните години, принудувајќи над 100.000 луѓе да побегнат.
Вооружени судири избувнаа денеска меѓу Тајланд и Камбоџа на спорниот дел од нивната заедничка граница, соопштија двете страни, обвинувајќи се меѓусебно дека први нападнале по неколку недели тензии и дипломатски престрелки.