Топлотен бран во Грција би можел да трае до понеделник, а температурите денес ќе достигнат речиси 46 степени Целзиусови во земјата која е погодена од екстремна топлина од почетокот на неделата, соопшти метеоролошката служба.
Највисоката температура во Грција денеска достигна 45,8 степени Целзиусови измерени во Скала во општина Месиниа на Пелопонез, а околу 85 отсто од вкупното население на земјата искуси максимални температури над 39 степени Целзиусови, според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.