Најмалку 129 лица загинаа во поплавите што ги погодија ридовите во Тексас, соопштија локалните власти.
Округот Кер беше најтешко погоден, со најмалку 103 смртни случаи, вклучувајќи 36 деца, според ABC News.Поради обемот на катастрофата, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша прогласување вонредна состојба за погоденото подрачје , а Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA) беше распоредена на терен.