Ќе се задржам на заклучоците на ЕСЧП во контекст на овој предмет.
ЕСЧП, меѓу другото, нагласи дека природата и размерот на насилството, како и мрачните изјави на раководството на рф во однос на државноста на Украина, нејзината независност и самото право на постоење, претставуваат закана за мирниот соживот во Европа и имаат за цел да ги поткопаат самите темели на демократијата врз кои се засноваат Советот на Европа и неговите земји-членки. Civilmedia
Очигледна е едногласната осуда на рф. Во ниту еден од претходните конфликти што биле разгледувани од Европскиот суд за човекови права, не била забележана таква едногласна осуда од страна на меѓународната заедница на непочитувањето на државата-тужена (рф) кон основните принципи на меѓународниот правен поредок.
ЕСЧП за првпат во својата пракса утврди прекршување на член 2 од Европската конвенција за човекови права – Правото на живот, и член 3 Конвенцијата – Забрана на тортура. рф сноси одговорност за масовни напади врз цивилното население и објекти на цивилната инфраструктура, вклучително и употреба на експлозивно оружје, касетна муниција, неуправувани ракети и неуправувани бомби во населени места. Frontline
ЕСЧП посебно документираше прекршувања на човековите права на украински војници, преку егзекуции, тортура, нечовечко постапување и присилна работа.
Европскиот Суд ја привлече вниманието и на критичната состојба во териториите под контрола на рф, каде државата-агресор воспоставила режим на измачување и сурово постапување кон цивили и воени заробеници – претепување, задушување, електрошокови, сексуално насилство и закани кон нивните најблиски. Frontline
Пишува: ЛАРИСА ДИР, Амасадорка на Украина во Северна Македонија На 9 јули 2025 година, Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), еден од главните органи создадени во рамките на Советот на Европа за заштита на човековите права и слободи во европскиот регион, донесе одлука по суштината на предметот „Украина и Холандија против Русија“, во која призна бројни прекршувања на Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, во врска со вооружената агресија против Украина, привремената окупација на делови од Донецката и Луганската област и поддршката на ненајавени вооружени формации. Frontline
Познато е дека темелниот правен инструмент на ЕСЧП е Европската конвенција за човекови права, усвоена во 1951 година – токму овој документ претставува значајна правна алатка за заштита на човековите права и слободи.
Сакам да истакнам дека предметот опфаќа четири големи постапки: Претставки на Украина, поднесени од 2014 година, за прекршувања на човековите права на привремено окупираните територии на Донецк и Луганск; Изјава на Украина за киднапирање на деца-сиропиталишта од окупираните територии; Тужба на Холандија во врска со уривањето на патничкиот авион на летот МН17 во јули 2014 година; Тужба поврзана со сеопфатната инвазија на рф во 2022 година. Frontline
Но, тоа не значи дека Украина и Украинците нема да ги оспоруваат злосторствата на рф и по 16 септември 2022 година.
Ќе се задржам на заклучоците на ЕСЧП во контекст на овој предмет. Frontline