Израелските воздушни напади врз Иран оштетиле делови од надземната инфраструктура на нуклеарниот објект во Натанц, каде Иран збогатува ураниум до 60 отсто, изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, на итна седница на Советот за безбедност на ОН. „Оштетени се надземните објекти, вклучително и електричната инфраструктура и генераторите за итно напојување, изјави Гроси.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанц, кој се наоѓа во централната покраина Исфахан, бил една од целите на нападот . Агенцијата сега потврди дека не е регистрирано зголемување на нивото на зрачење на локацијата во Натанц.